петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Познати

Мелинда и Бил Гејтс официјално се разведоа

Мелинда и Бил Гејтс официјално се разведоа

Разводот на основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс, ко-основач на една од најголемите приватни фондации во светот, заврши пред судот во Сиетл, наведува „Бизнис инсајдер“.

Нивниот развој беше потпишан во понеделникот, со што заврши сагата што започна кога објавија дека се разделуваат во мај 2021 година.

Гејтсови се венчаа во 1994 година и имаат три деца. Во мај, Фокс објави дека Мелинда Гејтс поднела барање за развод, наведувајќи дека нивниот брак е „непоправливо уништен“.

Бил и Мелинда Гејтс тогаш изјавија дека постигнале договор за поделба на заедничкиот имот и најавија дека ќе продолжат со заедничката филантропска работа, потсетува Ројтерс.

Нивната фондација Бил и Мелинда Гејтс со седиште во Сиетл стана еден од највлијателните и најмоќните двигатели на глобалното јавно здравје во последните 20 години, трошејќи повеќе од 50 милијарди долари во борба против сиромаштијата и болестите.

Тие минатата година ветија околу 1,75 милијарди американски долари помош за борба против „ковид-19“.

Не се објавени детали од договорот за развод во судот во Сиетл.

Коронавирус