понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 13
home Познати

Меланија Трамп уште еднаш ги оставила модните критичари без здив: Вака треба да се облекува една прва дама! (ФОТО)

Меланија Трамп уште еднаш ги оставила модните критичари без здив: Вака треба да се облекува една прва дама! (ФОТО)

Уште еднаш докажала дека со право ја нарекуваат кралица на стилот

Меланија и овој пат успеала да ги воодушеви модните критичари. Нејзината модна комбинација и овој пат била оценета со чиста десетка.

Сè уште актуелната прва дама на Америка ја дочекала елката која и оваа година ќе биде посебно украсена. Декорирањето на Белата куќа секогаш е посебен и спектакуларен настан, а сите со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа таа за време на Божиќните и Новогодишни празници.

Меланија овој пат одбрала капут кој повеќе потсетува на пелерина во црно-бела боја. Ова е проверена комбинација на бои која на сите одлично им стои. Моделот потсетува на костимите од 1950-те години, па ѝ дал дополнителна доза на женственост.

Стајлингот го надополнила со црни длабоки чизми и кожени ракавици во истата боја. Косата, како и секогаш, ѝ била совршено стилизирана, а првата дама не криела и дека ужива во денот, па не ја симнувала насмевката од лицето.

Извор: УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

Најнови вести

Коронавирус