сабота, 6. март 2021. Вести денес: 0
home Познати

Меланија не може да се помири дека се сели: Прекрши традиција стара 70 години, а со тоа откри во каков однос е со новата прва дама на САД

Меланија не може да се помири дека се сели: Прекрши традиција стара 70 години, а со тоа откри во каков однос е со новата прва дама на САД

За време на своите последни недели во Белата куќа, Меланија Трамп се обидела да се држи подалеку од љубопитните очи на јавноста, пакувајќи се и планирајќи го новиот живот на нејзиното семејство, кое по Вашингтон, ќе продолжи да живее во Мајами. Но сега многумина ѝ замеруваат поради нејзиното однесување кон наследничката Џил Бајден, која атрактивната Словенка ја игнорира со сите сили.

Не само што сè уште не се сретнале, туку Меланија Трамп одлучила да ја прекине традицијата според која првата дама пред да си замине ја угостува новата прва дама и ѝ дава приватна тура низ семејните крила на Белата куќа, каде што ќе ги помине наредните години од животот.

Сето тоа е само уште една потврда за тензијата помеѓу оние што треба да си заминат и оние што треба да се вселат. Меланија Трамп поради ова ќе стане првата прва дама од модерниот свет која не ја поканила жената што ќе ја наследи во Белата куќа, за да ја прошета низ нејзините приватни одаи на вториот и третиот кат.

Традицијата започнала во 1950-те години на минатиот век, кога Бес Труман ја угостила својата наследничка Мејми Ајзенхауер, по што таа продолжила да се одржува и покрај, понекогаш, лошите односи и несогласувања помеѓу двете страни.

Мишел Обама ја угостила Меланија Трамп кратко откако Доналд Трамп ги освоил американските избор, а претходно Лаура Буш ја угостила Обама, и тоа два пати – еднаш на само, а вториот пат со ќерките на Мишел, кои во таа пригода ги одбрале своите спални соби.

Инаку, таа средба помеѓу првата дама што си оди и онаа што допрва ќе стане прва дама, како и чајот што се послужува, се одржува во моментите кога претседателот што заминува го поканува својот наследник на официјална средба во Овалната соба, но и во тој случај изостанала поканата за семејството Бајден.

Без оглед на тоа, Џил и Џо Бајден добро се запознаени со резиденцијата, бидејќи Џо Бајден осум години беше потпретседател на САД и сопружниците Бајден се блиски пријатели со Обама.

Трампови јасно дале до знаење и дека нема да се појават ни на самата церемонија на инаугурација, на која Џо Бајден официјално ќе стане 46-от американски претседател, а последниот кој направил такво нешто и не се појавил на заклетвата на наследникот бил Ендру Џонсон пред околу 150 години.

Најнови вести

Коронавирус