недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Познати

Мекгрегор во небрано: Сопругата требала да се породи, а тој ѝ направил дете на друга девојка (ФОТО)

Мекгрегор во небрано: Сопругата требала да се породи, а тој ѝ направил дете на друга девојка (ФОТО)

Ирскиот чаламџија и една од најголемите ѕвезди во ултимејтфајт, Конор Мекгрегор неочекувано се најде во центар на скандал од невидени размери, откако Тери Мареј објави дека таа има дете од ирскиот борец.

Мареј најавила дека ќе бара преку судот со ДНК-примерок да докаже дека татко на нејзиното дете е Мекгрегор, објаснувајќи дека имала афера со Ирецот и многу брзо после тоа дознала дека е трудна. Мекгрегор не сакал да чуе за бременоста и за тоа дека таа носи негово дете.

Ирецот е венчан со Ди Девлин, а Мереј сега откри детали од нивната секс-афера, објаввајќи дека додека Ди чекала да се породи со дете од Мекгрегор, таа затруднела со ќерката Клоух.

„Сакам само да докажам дека Конор е таткото на Клоух и ништо повеќе. Не лажам. Сакам само да направиме тест и после тоа може никогаш повеќе да не се видиме, без оглед на резултатите. Не ми требаат неговите пари, како што сите мислат. Имавме секс четири недели пред неговата сопруга да се породи и тоа двапати во неколку дена. Подоцна кога дознав дека ззатруднев, му праќав пораки, но тој никогаш не ми одговори“, вели Мареј.