понеделник, 20. март 2023. Вести денес: 123
home Познати

Меѓу загинатите во Лестер, има и поранешна прва придружничка на мис Тајланд

Меѓу загинатите во Лестер, има и поранешна прва придружничка на мис Тајланд

Англиските медиуми ги објавија имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа која се случи по натпреварот меѓу Лестер и Вест Хем во саботата. Меѓу жртвите е и првата придружничка на мис Тајланд од 2005 година, Нурсара Сукнамаи.

Урнатиот хеликоптер бил во сопственост на сопственикот на Лестер и петтиот најбогат Тајланѓанец, Вишаи Шривадханапрабха, а во несреќата покрај него, загинаа и неговите соработници Кавепорн Пунпаре, пилотот Ерик Свафер и копилотката Изабела Роза Лековиц, која инаку е и негова партнерка.

Според „Дејли Мејл“, Твитер и Инстаграм старлетата Нурсара често одела на патувања со Шривадханапрабха.

Хеликоптерот полетал веднаш по натпреварот и се урнал по полетувањето, откако пилотот изгубил контрола. Леталото паднало на паркинг близу стадионот.

loading...

Најнови вести