среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 137
home Познати

Меѓу првите го препозна нејзиниот талент уште на шест години: Мартија се прости од Драган Вучиќ (ВИДЕО)

Меѓу првите го препозна нејзиниот талент уште на шест години: Мартија се прости од Драган Вучиќ (ВИДЕО)

Денеска, како последица од коронавирусот нѐ напушти познатиот композитор, музичар и ТВ водител, Драган Вучиќ. Тој зад себе остави многу музички дела кои ќе сведочат за неговиот талент, но и многу емисии во кои гости му беа звучни имиња од целиот Балкан, како и млади таленти, кои ги промовираше на одличен начин.

Една од тие среќнички беше и младата пејачка Мартија Станојковиќ, за која малку кој знае дека на 6 години беше дел од една негова емисија. Во таа емисија, Мартија го претстави својот талент за играње и изведе еден ориентален танц.

Дел од гостувањето сподели на Инстаграм, каде напиша и емотивна порака.

„Ти беше чоковек кој што меѓу првите ја препозна мојата љубов кон сцената и музиката и одлучи да ме претставиш пред целата Македонија… Почивај во мир, нема да бидеш заборавен…“ – напиша младата пејачка.

Коронавирус