понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 161
home Познати

Меган за својот роденден носеше накит кој има посебно значење за неа – еве која порака се крие зад сето тоа (ФОТО)

Меган за својот роденден носеше накит кој има посебно значење за неа – еве која порака се крие зад сето тоа (ФОТО)

Меган Маркл се јави од нејзиниот луксузен дом во Калифорнија и разговараше преку видео повик со актерката и комичарка Мелиса Мекарти за нејзиниот нов проект.

За време на разговорот, вратот на Војвотката беше украсен со дизајнирани огрлици кои особено го привлекоа вниманието на јавноста бидејќи имаат посебно значење.

Тие ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца, синот Арчи, кој е роден во знакот на Бик и ќерката Лилибет, родена во знакот на Близнаци.

Огрлиците се дизајнирани од Логан Холовел и се достапни во варијанта од 14-каратно злато и дијаманти или бел сафир. Според „Page Six“, ѓерданот посветен на Арчи чини 1.600 долари, а цената на ѓерданот посветен на ќерката е 1.785 долари.

Меган на овој начин го промовираше својот нов проект „40X40“, со кој сака да им помогне на жените кои ја загубиле работата за време на пандемијата.

„Размислувајќи за мојот 40-ти роденден и многуте работи за кои сум благодарна, ме изненади тоа што времето е едно од нашите најголеми и најсуштински подароци. Време со нашите сакани, време за правење работи што ги сакаме, време поминато во учење, смеење, растење, и светото време што го имаме на оваа земја. Меѓу највредните дарови е и времето поминато во служба на другите знаејќи дека може да придонесеме за неверојатни промени. Со мојот 40-ти круг околу сонцето, се прашувам: што ќе се случи ако сите посветиме 40 минути да помогнеме на некој друг или да бидеме ментор на некој кој има потреба од тоа? И тогаш што ќе се случи ако ги замолиме нашите пријатели да го сторат истото?“, е само дел од описот на видеото на Меган.

Коронавирус