четврток, 13. август 2020. Вести денес: 115
Во живо

Прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Познати

Меган Маркл: Кралското семејство не ме заштити од медиумите

Меган Маркл: Кралското семејство не ме заштити од медиумите

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл тврди дека кога била бремена, не добила соодветна заштита од кралското семејство од „лажните написи“ во медиумите. А тоа, како што таа тврди, нејзе ѝ предизвикало емоционални и психолошки тешкотии.

Овие наводи се дел од новите документи доставени од нејзиниот правен тим до надлежниот суд, во тужбата што ја води против весникот „Мејл он сандеј“ и компанијата што го поседува весникот. Поранешната војвотка од Сасекс истакнува дека институцијата британска монархија не ѝ пружила заштита кога таа станала „предмет на голем број лажни и штетни написи“ објавени во печатот за време на нејзината бременост, што предизвикало огромни емоционални проблеми и ментално здравје.

Меган поднела тужба против компанијата во врска со написот во кој се објавени делови од ракописна порака што таа му ја испратила на нејзиниот татко Томас во 2018 година, со кого таа не е во најдобри односи. Според адвокатот на глумицата, објавувањето на статијата ја нарушила нејзината приватност.

Коронавирус