понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Познати

Меган Маркл ја доби правната битка против британскиот таблоид

Меган Маркл ја доби правната битка против британскиот таблоид

Меган Маркл победи во последната фаза од правната борба против издавачот „Асошиејтед њузпејпер“ поради нарушување на приватноста и кршење на авторските права.

За потсетување, весникот „Мејл од сандеј“ и порталот „Мејл онлајн“ објавиле пет текстови во февруари 2019 година во кои биле делови од нејзиното писмо до таткото Томас Маркл.

Апелациониот суд го отфрли обидот на издавачот судењето да продолжи, по вложената жалба до Вишиот суд, кој претходно пресуди во корист на војвотката.

Одлуката сега е потврдена. Адвокатите на Меган истакнале дека нејзиното писмо било многу лично и дека е очигледно оти истото требало да биде приватно.

Коронавирус