недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл го прекрши застареното модно правило (ФОТО)

Меган Маркл го прекрши застареното модно правило (ФОТО)

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари ја посетија меморијалната градина „Поле на сеќавањата“ по повод одбележувањето на Денот на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.

Меган за овој настан одбра темни бои, а со својата модна комбинација прекрши едно застарено модно правило. Се работи за комбинација на црната и темносината боја, која долго се сметаше за моден гаф, но Меган сега докажа дека овие две бои заедно изгледаат одлично.

Во волнениот темносин капут со црн каиш под кој се наѕира долниот дел од фустанот, Меган изгледаше елегантно, а за целосниот впечаток дополнително придонесоа и црните кожни чизми до колена со стабилна потпетица.

Како и секогаш, војвотката внимаваше на сите детали, па изгледот го надополни со црни кожни ракавици и асиметричен шешир со машна.

 

Најнови вести