недела, 20. септември 2020. Вести денес: 5
home Познати

Меган Маркл денес полни 39 години: Ова се малку познати факти за нејзиниот живот

Меган Маркл денес полни 39 години: Ова се малку познати факти за нејзиниот живот

Родена е на 4.08.1981 година, Меган Маркл денес полни 39 години

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, американски член на британското кралско семејство, филантроп и поранешна актерка. Маркл е одгледана во Лос Анџелес, Калифорнија.

На 19-ти мај, 2018 година таа стапи во брак со принцот Хари, минатата година станаа родители на синчето Арчи.

На почетокот на оваа година, принцот Хари и Меган, ја шокираа јавноста со својата изјава, каде со официјалното соопштение, парот објави дека имаат намера да се повлечат од своите должности во кралскиот двор, дека сакаат да живеат како нормално семејство и дека ќе бараат „финансиска независност“.

Нивниот живот е постојано под будното око на јавноста и токму притисокот од медиумите е една од главните причини за нивното повлекување.

Еве неколку малку познати факти за животот на Меган:

– Меган одела во женско католичко училиште. Не се вклопувала во средината затоа што е мулатка, а се срамела од својата виткана коса и растојанието помеѓу забите.

– Слободното време по училиштето го поминувала на сетот на познатата ТВ серија „Брачни води“, на која нејзиниот татко работел како директор на фотографија.

– Таа обожава да готви и е голем гурман. Вели дека може да зготви оброк од ништо.

-Меган го има најпосакуваниот нос на светот. Сѐ повеќе жени одат на пластичен хирург и бараат да им направат нос како на Меган.

– Серена Вилијамс е нејзина добра пријателка. Се запознале на „Супер Боул“ забавата во 2010 година

Коронавирус