сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 68
home Познати

Меган ќе носи два фустани на венчавката со принцот Хари, но од еден детаљ се збуни целиот свет

Меган ќе носи два фустани на венчавката со принцот Хари, но од еден детаљ се збуни целиот свет

Актерката Меган Маркл ќе носи два фустани на свадбата на 19 мај, пишуваат британските медиуми. Според нејзините пријатели, на кои се повикуваат медиумите, за венчавката во капелата ,,Сент Џорџ” во замокот Виндзор, Меган одбрала традиционална и елегантна венчаница, а за вечерната забава избрала гламурозна и софистицирана венчаница.

-Таа планира да се пресоблече по церемонијата за да може вечерта да се забавува во нешто гламурозно и полесно за движење. Меган е многу блиска со дизајнерот, кој се заколнал на тајност и досега знаеме дека разговарале за чипка и ракави, открил изворот.

Инаку светот се збуни откако медиумите открија и еден несекојдневен детаљ, а тоа е дека ниту принцот Хари не знае кој ја дизајнира венчаницата.

Според ,,Дејли Меил” венчаницата може да е креација на британската модна куќа ,,Бурбери”, бидејќи деновиве имало средби меѓу првите луѓе на модната куќа и кралското семејство.

Според дизајнерката на венчаници Каролин Кастиљано и Кејт Мидлтон носела две венчаници.

Коронавирус