петок, 18. септември 2020. Вести денес: 24
home Познати

Меган и Хари тајно купиле куќа во Санта Барбара (ФОТО)

Меган и Хари тајно купиле куќа во Санта Барбара (ФОТО)

Британскиот принц Хари и Меган Маркл тајно се преселиле во нова куќа во Санта Барбара, монденско гратче во близина на Лос Анџелес.

Според неименуван извор, двојката се решила на овој потег затоа што папараците не им даваат мир, ним и на нивниот син Арчи во куќата што ја изнајмиле во Лос Анџелес, родниот град на Меган. Наводите говорат дека тие се преселиле во новиот дом пред неколку недели.

Не е соопштена точната локација на нивниот нов дом, ниту колку е голем, или колку пари го платиле. Но, се наведува дека „тие внимателно ја одбрале куќата и дека тоа е местото каде планираат да бидат среќни, да стекнат пријатели и да го израснат Арчи“, давајќи му можност непречено да си игра со своите врсници.

Портпаролот на брачната двојка потврди дека се преселиле во нивниот нов дом во јули. (МИА)

Коронавирус