вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

Меган и Хари пред развод, поминуваат низ голема криза!

Меган и Хари пред развод, поминуваат низ голема криза!

Меган Маркл и принцот Хари на прв поглед делуват среќно, но многумина се сомневаат во нивниот идиличен брак. Иако неодамна добија дете и скоро секогаш се насмеани, странските медиуми пишуваат дека бракот им западнал во криза, а некои дури споменуваат и развод.

Меган и Хари се запознале во 2016 година, а за помалку од две години веќе биле свршени. Кралското семејство и медиумите се согласиле дека непромислено влетале во брачните води. Нивната одлука предизвика голема драма во семејството.

Како главна причина за криза во бракот се наведува фактот дека поради пребрзото стапување во брак, Меган не стигнала да се навикне на својата нова титула и на многубројните кралски правила за разлика од Кејт Мидлтон, пишува “Cheatsheet” и додава дека тоа на Меган ѝ создава голем притисок.

Напнатоста во бракот настанува и поради честите кавги меѓу принцовите, кои пред да се појави Меган имале мошне складен однос.

Тоа што обожавателите ги навело да поверуваат во разводот на кралскиот пар е тоа што принцот Хари неодамна во јавноста ја занемарил Меган која се обидувала нешто да му каже.

Коронавирус