сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Познати

МЕГАН И ХАРИ ЈА ШОКИРАА ЈАВНОСТА: Тајно се венчале пред церемонијата која ја виде светот, сакала да се убие

МЕГАН И ХАРИ ЈА ШОКИРАА ЈАВНОСТА: Тајно се венчале пред церемонијата која ја виде светот, сакала да се убие

Меган Маркл и принцот Хари во интервјуто со Опра Винфри открија детали од својот живот, но и од отстапувањето од должност од кралското семејство.

Опра на почеток од интервјуто истакнала дека прашањата не се однапред договорени и дека сите теми се дозволени, како и дека парот не е платен за интервјуто. Меган открила и како се запознала со кралицата Елизабета Втора, бабата на Хари.

-Ги немав сите информации за кралското семејство. Не знаев како функционираат. Кралицата беше меѓу првите со кои се запознав, беше спонтано. Со Хари бевме на ручек, а таа во тој момент завршуваше со една од своите церемонии. Хари ме праша дали сакам да се запознаам со неговата баба јас реков „да, секако“, а потоа ме праша дали знам како да се поклонам. Мислев дека тоа е фарса за јавноста, но тој ми кажа „таа не е само моја баба, тоа е кралицата“. Тука ми стана јасно што на нив им значи институцијата Кралица. Навистина мислев дека тоа се одвива надвор, открива Меган.

Признава дека таа и принцот Хари сакале нивната венчавка да не биде славје за целиот свет, туку нивно лично, па открива дека всушност се венчале три дена пред големата свеченост.

-Три дена пред нашата јавна свадба ние се венчавме. Тоа никој не го знае, повикавме надбискуп и го замоливме за интимна церемонија. Спектаклот беше за целиот свет, тоа беше само за нас, открива Меган.

Војвотката од Сасекс истакнала и дека се борела со суицидни мисли.

-Речиси неиздржлив беше притисокот од медиумите. Не гледав решение. Навечер ќе седнев и не можев да сфатам како ова се случило. Беше многу потешко кога тоа ќе го видец во изразот на лицето на мојата мајка и во разговорите од пријателите кои плачејќи ми викаа „Мег, не те штитат“. И сфатив дека сето тоа се случува бидејќи дишам. И се срамев тогаш да го кажам тоа, посебно ми беше срам да му кажам на Хари бидејќи знам низ каков губиток поминал. Но, знаев дека ако не кажам, ќе направам. Едноставно не сакав повеќе да живеам. Му кажав на Хари, а тој само ме држеше во прегратка. Се плашев вистински, помислував „не смеат да ме оставам сама“, открива таа.

Меган истакнала дека испаднало оти се откажале и заминале, а принцот Хари додал дека заминале бидејќи не добиле помош кога ја барале.

Коронавирус