сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 88
home Познати

Меган и Хари ги налутија новите соседи: Ова се правилата за однесување

Меган и Хари ги налутија новите соседи: Ова се правилата за однесување

Принцот Хари и Меган Маркл ги налутија своите соседи во близина на нивната нова куќа во Фроџмор Котиџ , со правилата до кои треба да се придржуваат ако ги сретнат во близина.

Станува збор за луѓе кои живеат во близина на Фроџмор Котиџ, реновираниот нов дом на Меган и Хари, а меѓу нив има и многу вработени во имотот на кралското семејство. Соседите не би требало да разговараат со кралска двојка, да ги допираат нивните кучиња, или да се понудат да го почуваат малиот Арчи.

-Извор за британските медиуми тврди дека правилата биле обелоденети од вработен во куќата на кралското семејство. Меѓутоа, од палатата тврдат дека не дале инструкции за однесувањето на локалното население, пишува Daily Mail.

Сепак, се чини дека локалното население уште е незадоволно.

-Никогаш не сме слушнале такво нешто, секој што живее на имотот и работи за кралското семејство, знае како да се однесува со почит. Ова е нешто што никогаш не ѝ го кажавме на кралицата, таа е многу среќна кога луѓето доаѓаат да се поздрават, вели еден од соседите.

-Звучи како постојаните тврдења за приватност на Хари и Меган што е чудно, бидејќи тоа е само пристојно однесување – пријатен разговор со вашиот сосед, што е многу честа појава во Британија, велејќи “добро утро”, изјави Ингрид Сјуард, коментатор на кралското семејство, додавајќи дека кралицата секогаш зборува со соседите и дури и пие чај со нив на нејзиниот имот.

Локални избори 2021