Војвотката Меган Маркл денеска го прославува својот 38 роденден. Единствената желба и била да биде со своето семејство- сопругот Хари и синот Арчи.
Принцот Хари го искористи овој ден, па на својата сопруга и го честиташе роденденот и тоа преку социјалните мрежи, а тоа го направи на едноставен и одмерен начин, заблагодарувајќи се што е крај него со зборовите: Среќен роденден на мојата неверојатна жена. Благодарам што си крај мене на оваа животна авантура.