понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 42
home Познати

МЕГАН ГИ ОТКАЖА СИТЕ ОБВРСКИ – проблемите во бременоста со второто дете ја наведоа на ваков чекор!

МЕГАН ГИ ОТКАЖА СИТЕ ОБВРСКИ – проблемите во бременоста со второто дете ја наведоа на ваков чекор!

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл ги откажа сите обврски поради проблеми во бременоста со второто дете, објавија британските медиуми.

Откако го загуби своето бебе минатото лето, таа одлучи да го намали ризикот на минимум.

Британските медиуми, пред се списанието InTach, наведуваат дека војвотката од Сасекс потешко ја поднесува оваа бременост со несоница, бројни мачнини и главоболки, поради што ги откажала сите професионални обврски.

Претходно, странските медиуми објавија дека и Меган и Хари планираат да земат породилно отсуство со приближувањето на крајот на бременоста и за да можат да му се посветат на семејството што е можно повеќе по раѓањето на детето.

Меган и принцот Хари веќе го имаат синот Арчи Харисон, а парот неодамна и соопшти на јавноста дека очекуваат уште едно дете.

Во интервју за Опра Винфри, кое го потресе светот, Меган и Хари открија дека ќе имаат девојче. Сепак, парот се обидува да ги чува приватните детали за бременоста, па затоа не е познато кога може да се роди нивната ќерка.

Локални избори 2021