петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 193
home Познати

Меган Фокс откри дека се бори со сериозен здравствен проблем: Додека сите мислат дека е преубава, таа води лична битка

Меган Фокс откри дека се бори со сериозен здравствен проблем: Додека сите мислат дека е преубава, таа води лична битка

Актерката Меган Фокс со години се бори со здравствен проблем кој е познат како телесна дисморфија. Станува збор за пореметување кое се јавува и кај мажите и кај жените.

Меган за британски GQ опишала како ова пореметување влијае на неа и нејзиниот живот.

-Да имам телесна дисморфија. Имам многу длабоко вкоренети несигурности. Никогаш не смееме да претпоставуваме како некој се чувствува. Да ја погледнете личноста и да кажеме, колку е убава, мора животот да и е лесен. А сигурно е дека личноста не се чувствува така одвнатре, вели Меган.

Иако не сакала да открие какви симптоми има, познато е дела телесната дисморфија се карактеризира како опсесивна, неосноваа грижа за маните кога станува збор за физичкиот изглед.

Телесна дисформија е сериозно психичко пореметување кое на лицата им создава чувство дека делови од нивните тела се деформирани, неатрактивни, одвратни, додека реално недостатокот кој им пречи е едвај видлив или не постои. Лицата кои страдаат од ова пореметување  се чувствуваат дека другите во нив гледаат Човек слон. Незадоволството најчесто е усмерено на лицето и главата, делови од лицето и на кожата.

Овие лица често го проверуваат својот изглед во огледало, од другите бараат разуверување за тоа како изгледаат, а упорно инсистираат на тоа дека се грди.

Меган истакнала дека момчето Машин Ган Кели и помогнало повторно да се чувствува стабилно и среќно.

Локални избори 2021