петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Познати

„Ме дрогираше, ме соблече, а потоа ми се стемни“: Најпознатиот илузионист обвинет за сексуален напад

-Ме бакнуваше по лицето, а потоа се сеќавам дека почна да се спушта надолу. Потоа се ми се стемни, изјавува моделот.
„Ме дрогираше, ме соблече, а потоа ми се стемни“: Најпознатиот илузионист обвинет за сексуален напад

Американскиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд обвинет е за сексуално злоставување.

Обвиненијата стигнале од некогашниот модел Бритни Луис, која тврди дека Коперфилд, кога имала 17 години, во 1988 година, ја дрогирал и сексуално злоставувал.

Луис додава дека таа година добила повик од Коперфилд да гостува во неговата емисија во Калифорнија, откако тој бил судија во натпреварување во кое таа учествувала. Дозвола побарал од нејзината баба да патува со неа поради емисијата.

Кога стигнала во Калифорнија, истакнува дека Коперфилд ја одвел во шопинг, претставувајќи ја потоа воодушевено на својот тим трудејќи се да ја држи за рака. Како што додава, јасно му ставила до знаење дека не е заинтересирана за врска со него.

После емисијата отишле во бар, каде наводно магионичарот нешто и ставил во пијалакот.

-Kога го прашала што прави, тој и рекол дека “го дели тоа што го има“, наведува Луис.

На остатокот од вечерта не се сеќава добро, освен тоа дека Коперфилд лежел на неа, ја бакнувал и и ја соблекол облеката.

-Ме бакнуваше по лицето, а потоа се сеќавам дека почна да се спушта надолу. Потоа се ми се стемни, изјавува моделот.

Коперфилд наредното утро наводно и рекол дека ништо не се случило бидејќи била малолетна.

-Ми рече:„Не бев во тебе“!

Додава дека ја присилил во писмо да напише дека се било во ред.

-Мојот терапевт подоцна ми рече дека тоа го направил за да ме натера да молчам.

Коперфилд не се огласил по повод овие обвиненија.

Според податоците на Форбс, Коперфилд е комерцијално најуспешниот илузионист чие богатство се проценува на 850 милиони долари.

Коронавирус