петок, 5. август 2022. Вести денес: 164
home Познати

Мауро Икарди брзо реагираше на веста дека Ванда го напушта

Мауро Икарди брзо реагираше на веста дека Ванда го напушта

Мауро Икарди и Ванда Нара повторно се во центарот на вниманието.

Аргентинските медиуми објавија аудио снимка на која наводно Ванда Нара вели дека дошла во Буенос Аирес за да ги комплетира документите за развод со Мауро.

Оваа снимка е објавена во шоуто Лос Анџелес де ла Манана. Наводно, на него е гласот на 35-годишна манекенка и таа вели:

„Кармен, дојдов во Аргентина за да завршам сè за разводот со Маура. Моментално го организирам тоа. Ќе останев уште неколку дена ако не организирав сè за разводот. Не можам повеќе да издржам и Побарав развод“, се слуша на аудио снимката.

Откако се појави ова видео, реагираше Мауро Икарди. Тој на Инстаграм остави порака дека сето ова не е вистина.

“Не знам за кого повеќе жалам. Оние кои измислуваат вакви работи за мојот живот или оние кои веруваат во нив”, напиша Икарди и со срце ја обележа сопругата.

Ванда и Мауро се во брак од 2014 година. Тие имаат две деца, а таа има уште три деца од претходниот брак со Макси Лопез.

Врската меѓу славниот пар дури минатата година беше на работ на прекин. Тогаш Мауро беше обвинет дека изневерил со Чајна Суарез, а Ванда извесен период го напушти домот во Париз со децата.

Со специјална дозвола на клубот, Мауро замина во Милано да го спаси својот брак. Тој успеа во тоа и Ванда се врати во прегратките на 29-годишниот напаѓач на ПСЖ.

Дали разводот навистина ќе се случи или ова е само уште една бомба од аргентинските медиуми, останува да видиме.

Коронавирус