недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 104
home Познати

Маск откри дека има aспергеров синдром: Како водител во ток-шоу, тој им призна на гледачите

Маск откри дека има aспергеров синдром: Како водител во ток-шоу, тој им призна на гледачите

Илон Маск, еден од најбогатите луѓе на светот, како гостин-домаќин во американското телевизиско шоу „Сатердеј Најт Лајв“ изјави дека има Аспаргеров синдром.

Во наводното ображање до гледачите, тој порача дека е прва личност со Аспергеров синдром која води вакво шоу, но тоа не е вистина.

Имено, канадскиот актер Ден Ејкројд во 2003 година бил првиот гостин-домаќин со ваков синдром, а кој во таа прилика отворено зборувал за синдромот, пренесува америчкиот медиум, Дејли Бист.

Остатоток од обраќањето, Маск го искористил да се пошегува на своја сметка, како и на својата криптовалута Догекоин.

Аспергеров синдром е инаку состојба од аутистичен спектар, а кој е поврзан со социјални потешкотии. Поединечни експерти предлагаат вработување на вакви личности со овој синдром затоа што можат да остварат успех во технологијата, претприемништвото и други работи за кои се потребни аналитички вештини.

Бизнис магазинот Форбс го процени богатството на Маск на 166 милијарди долари. Најголемиот дел од своето богатство го искористи со ко-сопственост на Тесла и целосна сопственост на Спејс Икс.

Тој не е првиот милијардер што го водеше шоуто „Сатердеј Најт Лајв“. Во оваа улога му претходеа поранешниот претседател на САД и бизнисмен Доналд Трамп, ТВ sвездата Опра Винфри и кошаркарот Мајкл Џордан.

ЕУРО 2020

Македонија