недела, 27. септември 2020. Вести денес: 15
home Познати

Марјана Станојковска приготви старински колач од џем: Моите баби се мои ангели чувари (ФОТО)

Марјана Станојковска приготви старински колач од џем: Моите баби се мои ангели чувари (ФОТО)

Водителката Марјана Станојковска на својот профил на Инстаграм објави фотографија под која емотивно се присети на своите баби, но воедно се пофали и дека знае да приготви вкусен старински колач со џем од сливи.

 

View this post on Instagram

 

Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки. ,,Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици? “ Тоа беше мојата баба Мира ♥️ Со мојата друга баба, Марика ♥️ веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. ? Тоа се моите ангели чувари ? Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста. ? Решив да и го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам , за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња. Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа. ? Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина.♥️❤️♥️ (Номинирај и пет пријатели да го направат истото) #spreadgood @argeta_official

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

– Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки.
,,Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици? “ Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари.
Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста. Решив да и го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам , за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња.
Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа.
Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина- напиша таа.

Коронавирус