недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Познати

Марина, вереницата на Дарко Лазиќ го откри името на нивниот син

Марина, вереницата на Дарко Лазиќ го откри името на нивниот син

„Стоечки издржав и никогаш не се откажав, ниту пак ја изгубив вербата дека сè ќе биде добро. Имаше моменти кога ми беше тешко, кога не го гледав излезот, што и да направев, Дарко не можеше да ми помогне, но, фала му на Бога, сé заврши добро“ – ја започнува својата приказната вереницата на Дарко Лазиќ, бремената Марина Гагиќ.

„Можам да кажам дека Дарко многу го промени оваа несреќа. Сега сфати што е животот и колку тој вреди. Јас дозволив тој да му го избере името на својот син, а Дарко одлучи дека ќе се вика Михајло, според ангелот за кој верува дека му го спаси животот. Дарко е свесен дека само чудо го спаси, затоа и почна да верува во Бога и да се моли“ – додава таа, пред да ја заклучи приказната со деталите за нејзината бременост.