среда, 21. ноември 2018. Вести денес: 91
home Познати

Марина Туцаковиќ се огласи по лекувањето во Германија: Осаменоста е опасна

Марина Туцаковиќ се огласи по лекувањето во Германија: Осаменоста е опасна

Најпознатиот текстописец во соседна Србија, а и пошироко, Марина Туцаковиќ, која е авторка на најголемиот број хитови на познатите пејачи, се огласи на својот Твитер-профил со цитат кој совршено ја опишува нејзината состојба, како што самата истакна.

-Осаменоста е опасна. Таа создава зависност. Откако ќе сфатите колку смирува, веќе не сакате да се занимавате со луѓето, напиша таа, и додаде дека не е автор на цитатот, ама дека таа се пронашла во него бидејќи совршено ја опишува нејзината моментална состојба.

Потсетуваме, Марина Туцаковиќ веќе долго време е во изолација откако во почеток на годината ѝ беше дијагностициран рак на дојката.

Таа беше на лекување во Германија, а откога се врати, деновите ги минува на имотот близу Нови Сад, далеку од луѓето. Ретко доаѓа во Белград и скоро и да не се појавува, ниту пак се огласува во јавноста.