недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Познати

Марина Туцаковиќ откри каква е нејзината здравствена состојба

Марина Туцаковиќ откри каква е нејзината здравствена состојба

Еден од најуспешните текстописци во регионот Марина Туцаковиќ за српски „Блиц“ откри како се чувствува, како го поминува времето во карантин, но и проговори и за многу други работи.

„Супер ми е дома, јас и онака не излегувам. Секако дека се грижам. Повеќе се грижам што ќе биде кога ќе заврши карантинот. Ова се влијае на работата, но и на естрадата. Пејачите не може да патуваат, каде ќе пеат? Тие живеат од тоа. Сите се во проблеми, па и авторските друштва кои ќе имаат помалку работа, ќе доцнат исплатите“ вели Марина.

Таа откри и каква е нејзината здравствена состојба.

Многу добро се чувствувам. Не шампионски, но многу добро. Сега сум на биолошка и хормонска терапија. Нешто добивам на онкологија, нешто на приватна клиника. Земам таблети и примам инекции еднаш во месецот. Овие денови требаше да правим скенер, но одложив, не мора да излегувам. Не е лесна терапија, влијае на крвната слика, но не на духот, тоа е најважно“.

ЕУРО 2020

Македонија