четврток, 21. јуни 2018. Вести денес: 77
home Познати

Марија Шерифовиќ конечно во розов фустан со тантела, а поводот е…

Марија Шерифовиќ конечно во розов фустан со тантела, а поводот е…

Марија Шерифовиќ со полна пареа се подготвува за престојниот концерт. Се е внимателно осмислено до најситен детал.

-Направив фустан со чипкаст корсет и кринолин во розе боја со многу тул. Тоа ќе биде втората кобинација од облека која ќе ја носам таа вечер, првата нека остане тајна, рекла пеачката.

Од друга страна, открива што за време на подготовката ја мачи.

-Несоницата ме убива, но жива сум. Се обидувам со некои природни лекови да се борам со неа, и се надевам дека ќе ја победам. Мене, на мојот менаџер и потпаролката постојано ми нудат некои исцелител и одредени чудни лекови за несоница. Не знам како да се одбранам од нив, дневно ми се јавуваат по педесетина, изјавила Марија.

Се радува што ќе ја слушаат родителите.

-Пресреќна сум што ќе ме слушат мајка ми Вeрица и татко ми Рајко. Сигурно ќе уживаат и нема да ги изневерам. Времето до концертот брзо ми поминува, и покрај се не чуствувам трема. Постои само онаа позитивна, која е присутна само додека не излезам на бина. Кога сум сигурна дека технички се е во ред, тогаш ќе можам да згрмам. Како стојат работите никој од моите колеги нема да пеат на мојот концерт, можеби и да се смени нешто, но ќе видиме. Не можам да кажам за мене „Арена” е предизвик, но свесна сум дека во прашање е нашата најголема сала и тоа беше логичен избор, вели Марија.