петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 67
home Познати

Марија Шарапова воодушевува во новата професија, еве што дизајнира убавата тенисерка

Марија Шарапова воодушевува во новата професија, еве што дизајнира убавата тенисерка

Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова, во соработка со канадската компанија „Роув консептс“, ја подготви и претстави својата прва колекција мебел. Во нејзиниот прв дизајнерски потфат, тениската ѕвезда и љубителка на уметноста и архитектурата, се водеше од изразот „помалку значи повеќе“. Нејзината колекција содржи елегантни облици, рафинирани детали, неутрални бои, со нагласка на разновидноста и функционалноста.

-Сакав да се осигурам дека сите овие парчиња мебел ќе наликуваат на „продолжение на животот на луѓето“ – делови што ги надополнуваат нештата со кои веќе живеат, изјави Шарапова за списанието „Аркитекчурал дајџест“.

Поранешната тенисерка ги усовршила дизајнерските вештини додека патувала низ светот, како и при уредување на сопствениот нов дом во Лос Анџелес, САД.

-Ми беше важно колекцијата да изгледа убаво денес, но и за пет или десет години, вели таа.

Првичната понуда вклучува комбинација на мултифункционални работи – длабок тросед, тапацирана клупа, ткаенини во маслинова боја, странични маси, минималистичка ламба и еднобоен тепих.

-Тие се доволно разновидни, па им овозможуваат на луѓето да прават свои комбинации, заклучи дизајнерката.   (МИА)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија