понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 49
home Познати

Мараја Кери се лекува од биполарно пореметување, откри што ја спаси

Мараја Кери се лекува од биполарно пореметување, откри што ја спаси

Биполарното пореметување на личноста, познато како манична-депресија, ги погодува повеќе од 24 милиони луѓе во светот, а меѓу нив се наоѓаат и бројни познати ѕвезди кои отворено зборуваат во медиумите за својот проблем.

Мараја Кери и Деми Ловато се само некои од тие кои се изјаснија дека боледуваат од оваа хронична болест, која карактеризира пореметување на расположението, и склоност кон тешка депресија и психотичност.

На познатата пејачка Мараја Кери, оваа болест и е дијагностицирана во 2001-ва година. Таа призна дека своевремено живеела во изолација и порекнување на болеста, но по неколку емотивни и професионални падови, сега вели дека се чувствува добро.

-Опкружена сум со позитивни луѓе и го правам она што го сакам- пишувам песни и правам музика, изјави Мараја пред неколку години.

Исто така успеа да го надвладее чувството на осаменост и сфати дека не е единствена која има ментална болест.