сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Познати

Манипулирана и сексуално малтретирана од очувот: Емотивна исповед на Елен по која плачат фановите ширум светот

Манипулирана и сексуално малтретирана од очувот: Емотивна исповед на Елен по која плачат фановите ширум светот

Елен Деџенерис се отвори за најлошите моменти од нејзините тинејџерски години, кога била манипулирана и сексуално малтретирана од очувот, а нејзината мајка не ѝ верувала кога ѝ го кажала тоа.

Славната водителка гостуваше во шоуто „My Next Guest Needs No Introduction“ на Netflix со Дејвид Летерман и зборуваше за кариерата, но и личниот живот. 61-годишната комичарка го опиша својот очув како „многу лош човек“ и раскажа како тој ја малтретирал. Во периодот кога на нејзината мајка Бети ѝ бил дијагностициран рак на дојка и ѝ била отстранета едната дојка, тој ја злоупотребил ситуацијата.

„Кога мајка ми беше надвор од градот, тој ми кажа дека почувствувал грутка во нејзината града и за да не ја вознемири, дека треба да ги допре и моите гради. Ме убеди дека мора да ги опипа моите гради и го направи тоа и повторно и повторно“ – раскажала Елен.

„Лута си сум себеси, затоа што бев преслаба да се спротивставам, имав 15 или 16 години. Тоа е ужасна, ужасна сторија и единствената причина поради која навлегувам во детали е зашто сакам другите девојки никогаш не дозволат некој да им го направи тоа“ – продолжила таа.

Елен не ѝ кажала веднаш на мајка ѝ за да не ја згрижува, а кога собрала храброст да ѝ признае за малтретирањето, мајка ѝ не ѝ поверувала.

„Не требаше да ја штитам мајка ми. Требаше да се штитам себеси. Не ѝ кажував со години, а потоа таа не ми веруваше и остана со него уште 18 години. Конечно го напушти затоа што тој ја промени приказната многупати“ – појасни Деџенерис.

WASHINGTON, DC – NOVEMBER 22: Comedian and talk show host Ellen DeGeneres<br />listens to President Barack Obama before being awarded the Presidential Medal of Freedom during a ceremony in the East Room of the White House November 22, 2016 in Washington, DC. Obama presented the medal to 19 living and two posthumous pioneers in science, sports, public service, human rights, politics and the arts. (Photo by Chip Somodevilla/Getty Images)

Елен, која сега негува добри односи со мајка си Бети, ги советува сите девојки и жени да не молчат и да не страдаат во тишина. „Кога гледам личности кои гласно признаваат, особено сега, се разлутувам кога на жртвите не им се верува, затоа што ние не измислуваме“ – призна таа.

Во интервјуто, Елен не откри колку време траело малтретирањето, но сподели дека во еден наврат таа морала да избега преку прозорец.

Очувот на Елен почина во 1997 година.

Коронавирус