Најпознатата светска плус сајз манекенка Ешли Грахам (30) повторно покажа дека привлекува внимание каде и да се појави. Овој пат објави слики од плажа.
-Најубава жена си на светот, ти си вистинска инспирација, и напишаа воодушевени обожаватели под фотографиите.
Ешли летото го помина на Миконос во Грција.
Инаку, убавата манекенка и следната сезона ќе го води и ќе биде продуцент на ТВ шоуто „American Beauty Star“.