Манекенката изненади со последната фотографија – никој не може да верува дека е во шестата деценија од животот
Имињата на супермоделите кои владееја со модната сцена во 90-те години на минатиот век многумина сè уште ги знаат.
Но, тоа не е чудно со оглед дека некои од овие дами и понатаму се занимаваат со мода, а нивната убавина и понатаму маѓепсува.
Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста и Хелена Кристенсен се само некои од нив.
Токму Хелена последниве денови предизвика лавина реакции со својот последен моден ангажман за кој направила фотографии од нејзиниот двор.
Најмногу внимание привлекува нејзината безвременска убавина и беспрекорна линија со која може да се пофали и во шестата деценија од животот.