понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 126
home Познати

Манекенка распали со жестоки навреди за покојниот моден креатор

Манекенка распали со жестоки навреди за покојниот моден креатор

Актерката Џамела Џамил на необичен начин реагирала на смртта на модниот креаторот Карл Лагерфелд.

Додека целиот моден свет вчера бил во солзи поради смртта на првиот човек на “Chanel” и додека славните манекенки и актерки на социјалните мрежи се простувале од него, Џамела имала нешто поразличен став кон покојниот Лагерфелд.

“Немилосрден женомразач кој се гадеше од дебелината не треба да се наоѓа по целиот интернет како некој светец кој е окарактеризиран како човек кој заминал прерано. Во неговиот талент не се сомневам, но не беше добра личност”, напишала Џамела на својот профил на Твитер.

Актерката со оваа објава споделила и статија во која директорот на “Chanel” бил опишан како очајна личност.

Инаку, Џамела е позната како жена која се бори против диетите и разубавувањето на фотографиите, а се заложува и за прикажување на женските мани и позитивниот однос кон своето тело какво и да е.

Коронавирус