недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 87
home Познати

Македонскиот пејач ќе стане татко по четврти пат- вечер ќе го дознае полот на бебето

Македонскиот пејач ќе стане татко по четврти пат- вечер ќе го дознае полот на бебето

Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ по четврти пат ќе стане татко.

Неговата сопруга Ивана е во четвртиот месец од бременоста и вечерва, на специјална изненадувачка журка на среќните родители ќе им биде соопштен полот на бебето.

Ѓоко со ММС ја сподели радосната вест за проширување на семејството и призна дека едвај чека да го дознае полот.

-Утрово сопругата Ивана, ќерка ни Теодора и кумата заминаа заедно на лекарскиот преглед, кога и ни го соопштија полот на бебето. Но, по желба на Теодора, јас и Ивана не знаеме каков пол е, бидејќи таа вечерва подготвува специјална журка за нас, кога и ќе ни бидат соопштени убавите вести. Теодора ги следи трендовите, па затоа розев или син балон ќе стават во црн балон, кој ќе го пукаат и во зависност од тоа каква боја е балонот, такво е бебето. Јас не можам да издржам до вечер, овие четири часа откако се вратија од лекар ми се катастрофа, горам од љубопитство, а не знам како Теодора, која има 13,5 години издржува да не се издаде, вели среќно Ѓоко за ММС.

За Ѓоко и Ивана ова е четврто дете, тие ги имаат Теодора, потоа е Михаил ( 11.5) и Јоан (4,5).

ЕУРО 2020

Македонија