четврток, 22. април 2021. Вести денес: 59
Во живо

Протест на угостителите и туристичките агенции

home Познати

Македонската пејачка одлучна за четврто дете

Македонската пејачка одлучна за четврто дете

Децата се најголемото богатство, а нашата фолк пејачка Елена Велевска иако веќе има три дечиња, во Новата година си посака уште едно.

Имено, таа на сцијалните мрежи објави фотографија каде е во блажена состојба, па се присети на времето кога во себе носеше уште една душа.

Во едно свое интервју Елена за мајчинството и многудетното семејство кажа дека не знае зошто некои родители се плашат да создадат подолема фамилија.

-Не знам зошто некои родители се плашат да одат на трето, па и на четврто дете. Секое дете си е со својата среќа, а домот е вистински дом тогаш кога е исполнет со детска смеа и џагор. Благодарна сум му на Господа за мајчинството и без оглед на тоа колку награди и признанија може да освои човек на професионално поле, за мене лично, децата се најголемиот трофеј во животот, вели пејачката, изјави Елена во една прилика.

Калија, Софија и Марко се најголемото богатство во домот на Велевска и нејзиниот сопруг, а дали Дедо Мраз и ја слушна желбата за наредната година, останува да видиме…

извор: Вистина.мк

Коронавирус