четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home Познати

Македонската пејачка како Џенифер Лопез во „Ѕвездите на Гранд“: Елена Миленковска се појави со потполна нова фризура – што ќе каже жирито?

Македонската пејачка како Џенифер Лопез во „Ѕвездите на Гранд“: Елена Миленковска се појави со потполна нова фризура – што ќе каже жирито?

Македонската пејачка Елена Миленковска ја напушти претходната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ поради нејзината бременост.

Имено, Елена беше под менторство на Ана Бекута. Меѓутоа, таа започна врска со нејзиниот колега, исто така учесник од музичкото шоу, Гуте Маринковиќ.

Елена и Гуте по неколкумесечна врска се свршија, а во јануари претходната година ставија потпис во матично.

Во јуни претходната година, двојката го доби синот Максим. Отогаш тие уживаат во секој заеднички момент, а несебично на социјалните мрежи покажуваат како го поминуваат времето.

Откако помина некое време од породувањето на Миленковска, Елена реши да се врати во „Ѕвездите на Гранд“ во новата сезона која трае две години поради короната.

Имено, поради короната, продукцијата направи последната сезона да трае како две години. Кандидатите кои останале во музичкото шоу се натпреваруваа со новите кандидати кои беа избрани преку онлајн аудиција.

Елена се врати како нов кандидат, а овојпат е под менторство на Александар Милиќ Мили. Тие заедно се подготвуваа, а македонската пејачка стигна до петиот круг.

Деновиве се снимаа емисии од петото продолжение, а Миленковска на снимањето се појави со нова фризура како Џенифер Лопез. Пејачката ова фризура ја носеше во нејзиниот најнов спот, односно два видео спота кои ги направи со пејачот Малума.

Таа ја собра косата слично како и познатата светска дива, а според објавата на „Инстаграм стори“ може да се забележи дека Миленковска никогаш не изгледала поубаво.

Инаку, на нејзиното последно појавување во „ЅГ“, таа доби позитивни коментари дека блеска и дека преубаво.

Што ќе каже сега жирито и дали Елена ќе оди понатаму останува да видиме.

Најнови вести

Коронавирус