четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 4
home Познати

Македонската Карлеуша денес ужива во вистински луксуз- пејачката како студентка немала пари да си го плати факултетот (ФОТО)

Македонската Карлеуша денес ужива во вистински луксуз- пејачката како студентка немала пари да си го плати факултетот (ФОТО)

Денес постојано и’ пристигаат комплименти од фановите на сметка на нејзиниот изглед

Кога пред неколку години почна да ја гради својата музичка кариера, Џесика за брзо време стана една од најпознатите фолк пејачки во Македонија. А дека во животот и оди одлично, можеме да видиме и од нејзините фотографии што ги обавува на својот профил на социјалните мрежи, објавува Гламур.мк.

Џесика Палашоска секогаш позира со насмевка на лицето, а во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.

Па така сите се уште ја памтат нејзината егзотична фотосесија од Дубаи со која го запали интернетот.

Но и од нејзините останати фотографии можеме да видиме дека Џесика знае како да ужива во животот.

Како што самата изјави во една пригода за нашите медиуми, Палашоска во минатото се соочувала со недостаток на средства, па заради тоа морала да се откаже од своите студии. И покрај добрите оценки на Економскиот факултет, на отсекот Маркетинг менаџмент, заради немање доволно финансии решила да се откаже, а откако нејзината музичка кариера тргна по нагорна линија, таа реши повторно да им се врати на студиите и да го заврши факултетот.

Русокосата пејачка во изминатиот период имаше бројни настапи низ Канада и Австралија, а неодамна го издаде и спотот за песната „Слободна“.

Како што самата изјави во емисијата „Живот со стил“, каде беше гостинка заедно со Елена Велевска и Сани Гроздановска кај водителката Елена Стефановска, таа се уште е во потрага по идеалниот маж, а на своите егзотични патувања најчесто патуваше со поранешното момче.

Приватниот живот не сака да го експонира во јавноста, па како што самата вели, го крие како змија нозете, иако признава дека веќе некое време е слободна.

ЕУРО 2020

Македонија