четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Познати

Македонската естрада се простува од Џорлев: Таму горе вечно нека свири твојата виолина

Македонската естрада се простува од Џорлев: Таму горе вечно нека свири твојата виолина

Eден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач, и професоr Зоран Џорлев почина вчера ненадејно како последница од коронавирус.

Македонската естрада во шок и неверување на прими веста за смртта на големиот виртуоз, па се огласи на социјалните мрежи каде изрази последна почит.

Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството, живеејќи на улицата „Пере Тошев“ во близина на киното, заедно со братот Ристо (Ице) и сестрата Софче.

Тој е дете на Наско и Грозда Џорлеви, а татко му е познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје.

Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Во 1989 дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина, а беше и директор на ДМБУЦ Илија Николовски-Луј во Скопје.

Во јануари 2011 беше назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде остана до август 2017 година.

Најнови вести

Коронавирус