вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 70
home Познати

Македонската естрада ги извади спомените на Тоше од хард дискот на сеќавањата: „Броиме години во кои недостигаш“ (ФОТО)

Македонската естрада ги извади спомените на Тоше од хард дискот на сеќавањата: „Броиме години во кои недостигаш“ (ФОТО)

Тоа кобно утро на 16-ти Октомври 2007 година, никој од нас не сакаше да поверува во она што го слуша, дека Тоше трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка ама вистината беше сурова и болно реална. Тој ден светот како да се урна, како да почнаа полека да се гасат ѕвездите на небото… особено на она нашето, естрадно. Таман помисливме дека е тој нашиот месија кој ќе им ја отвори вратата на останатите за конечно и ние да зачекориме самоуверено во регионот со сета естрадна дарба и моќ што нашата естрада ја поседува… Тоа кобно утро се урна мостот на надежта.

Животот на најголемата ѕвезда, на нашето естрадно сонце ненадејно згасна, а со тоа како да  згаснаа и надежите дека од регионална естрадна касаба, ќе станеме респектирани, почитувани и што  е најважно, вреднувани,кога се во прашање нашите музички ѕвезди и нивната кариера. Но, за жал, така било пишано… да не биде! Не барем до крај, онака како што другите го собираат својот бенефит кај нас!

Денес, 12 години подоцна, со солзи во очите, грутка во грлото, и мачнина во душата се сеќаваме на ѕвездата што Бог ја претвори во ангел, на музичкиот апостол кој требаше да ја предводи македонската естрада на патот кон освојување на регионот, а од истот тој пат и самиот никогаш не се врати… На злокобниот ден, на датумот на неговото упокојување и испраќање во вечниот дом се сеќаваат сите. Од неговите најблиски, преку илјадниците верни обожаватели, до обичните луѓе…

И секако неговите колеги и соработници! 12 години без Тоше… Македонската естрада ги извади спомените од хард дискот на сеќавањата, па ги сподели на социјалните мрежи!

„Ќе ми недостигаш засекогаш… “ – напиша Калиопи сеќавајќи се на Тоше преку заедничкото селфи.

„Никогаш нема да бидеш заборавен… Фотографијава е од 2000 година во Белград, на нашата прва заедничка промоција на албум…“ – се потсети Каролина Гочева во својата прошетка по спомените на Тоше и нивната единствена дуетска песна „Немир“, чие видео го снимаа токму во српската метропола.

„Кога за прв пат се сретнавме…“ – сподели Елена Рисреска на заедничката фотографија со Тоше при нивното запознавање.

Тијана Дапчевиќ немаше зборови да ја искаже својата болка, при помислата дека 12 години го нема меѓу нас… Емоциите ги искажа преку скршените срца во вид на емотикони и заедничката фотографија: Таа на неговото раме, тогаш раме за насмевки.

Сестра и’ Тамара Тодевска исто така… со скршено срце. Само што сподели не една, туку неколку заеднички фотографии на кои се потсети на дружењето со  „никогаш заборавениот“ Тоше, како што напишала.

 

 

View this post on Instagram

 

Never forgotten💔 #tošeproeski #12years

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Лидија Кочовска покрај заедничката фотографија со која запловила низ спомените и сеќавањата, загубата на Тоше и неговото отсуство ги објаснила со еден збор: „Непребол…!“

Роберт Билбилов и Дадар со заедничка фотографија се сеќаваат на Тоше… Без коментар, само спомени на убавото друштво.

Кристина Арнаудова со своја мисла и посвета на музичката легенда: „Броиме години во кои недостигаш… Никогаш нема да бидеш заборавен“!

Ова е само мал дел од неговите колеги од македонската естрада кои не го заборавија. Како што го паметат и многу други, негови фанови, обични луѓе… Илјадници, можеби милиони… Не естрадни, туку колку што има вистински ѕвезди на небото, толку има љубов и непребол по македонскиот музички ангел.

Ни останаа само ликот, песните, видеата и сеќавањата на неговата музика, ангелскиот глас и неговите добрини! Но и вечно неодгатнатата тајна: „Зошто мораше толку бргу да заминеш“?

извор: vistina.com.mk