петок, 14. мај 2021. Вести денес: 15
home Познати

Македонките од „Големиот брат“: Каде се, што прават денес близначките Вики и Кики Ралеви? (ФОТО)

Македонките од „Големиот брат“: Каде се, што прават денес близначките Вики и Кики Ралеви? (ФОТО)

Пред повеќе од една деценија, сестрите близначки од Македонија, Виолета и Кристина Ралеви, учествуваа во реалното шоу „Големиот брат“, а нивната непосредност и шарм го привлекоа вниманието на целиот регион.

Виолета влезе прва во ова ријалити и со својата отвореност ги освои симпатиите на публиката. Таа започна  љубовна врска и на малите екрани со многу повозрасниот од неа Карло Загорац. И, како што обично се случува кога станува збор за голема страст, односот помеѓу Карло и Вики беше многу бурен. Во моментот кога работите меѓу нив се вжештија до усвитување, во шоуто влезе и нејзината сестра – близначка Кристина.

Вики во тоа време имаше 20 години, а Карло 33, а романсата што ја започнаа пред камерите ја продолжија и во надворешниот свет. Карло помина некое време со Вики во Скопје, а во еден момент изнајмија и стан во кој започнаа да живеат заедно. Но и покрај големите планови за кои сите зборуваа, следуваше раскинување на врската и неславен крај. Како што изјави тогаш Карло за медиумите, главната причина била разликата во годините.

„Двајцата останавме во многу коректни односи. Се разделивме во солзи, но некако пријателски. Раскинавме, иако сè уште се сакаме. Но, на двајцата ни бешее јасно дека некои разлики беа непремостливи. Се видовме пред да заминам за Белград, но ја замолив повеќе да не слушаме“ – изјави тогаш Карло.

По Големиот брат, животот на сестрите Ралеви беше уште некое време следен од медиумите. Тие дадоа серија интервјуа за српските и македонски медиуми, нивните родители станаа дел од приказната, а потоа како што се појавија, така наеднаш и се повлекоа од јавноста.

Близначките споделија само неколку детали од приватниот живот на социјалните мрежи, а Кристина во еден момент објави дека ќе се мажи, додека Виолета дека ќе се вери.

Вики тоа и го направи, па се омажи  во 2013 година. Нејзиниот поранешен љубовник Карло, исто така, е во среќен брак веќе неколку години.

И додека близначките се слатки и денес и изгледаат речиси како и порано и не се променија драстично, Карло направи значителна промена во неговиот изглед и имиџ.

Патем, денес тој е признат фризер, мајстор  тетовирање и има семејство, а исто така изјави дека никогаш повеќе нема да влезе во реално шоу. Често можеме да го гледаме на ТВ-емисии, каде што дава совети за нега и обликување на косата.

Коронавирус