понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Познати

Мајли Сајрус на фестивал во Приштина, ја покани згодната колешка

Мајли Сајрус на фестивал во Приштина, ја покани згодната колешка

Ѕвездата на светската поп-музика Мајли Сајрус летово ќе гостува во Приштина, кадешто ќе настапи на фестивалот СаниХил, кој ќе се одржи од 2 до 4 август.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, веста за доаѓањето на американската пејачка преку официјалната веб-страница на фестивалот ја потврди неговата основачка, познатата британска пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа.

Годинешното издание на СаниХил е второ по ред, а главна ѕвезда на минатогодишното издание беше токму Дуа Липа.