среда, 23. септември 2020. Вести денес: 137
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Познати

Мајката одамна е ѕвезда, а сега ќе ве освои и нејзината ќерка: Џесика Алба и нејзината мини копија уживаат во Италија (ФОТО)

Мајката одамна е ѕвезда, а сега ќе ве освои и нејзината ќерка: Џесика Алба и нејзината мини копија уживаат во Италија (ФОТО)

Џесика Алба моментално е на одмор со својата ќерка, во Италија.

37-годишната актерка и нејзината 10-годишна ќерка вчера мамеле погледи на улиците во Милано, а изгледа дека малата Хонор од мајка си го наследила беспрекорнит стил, но и убавината, бидејќи изгледа како нејзина мини копија.

Мајката и ќерката прошетале низ градот, држејќи се за рака и ги воодушевиле минувачите со својот изглед. Актерката искомбинирала бела блуза со деколте, сиво сако и тренди панталони со широки ногавици, а целиот изглед го надополнила со очила за сонце, златен накит, црна ташна и бели чевли.

Мини Џесика е иста како нејзината мајка. Таа исто така носела очила за сонце и сако, под кое носела кариран комбинезон и облекла патики. Двете ги пуштиле косите, а 10-годишната ќерка ги обила краевите во виолетова боја, со што на својот детски стајлинг му дала мала доза на разиграност.

Алба и на својот Инстаграм профил споделила неколку фотографии од заедничкиот одмор на кој исто така носат усогласени аутфити.

#Milano #motherdaughtertrip ??

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Hit the ground running #firenze #italy #motherdaughtertrip

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) on

Коронавирус