четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 30
home Познати

Мајката на Ѓоковиќ скршена по самоубиството на новинарката Драгана

Мајката на Ѓоковиќ скршена по самоубиството на новинарката Драгана

Познатата новинарка Драгана Трипиќ е пронајдена мртва, откако неофицијално, си го одзела животот со бесење во стан во една белградска населба, а нејзиното тело го пронашла ќерката.

Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ, за српските медиуми вели дека веста за смртта на пријателката ја шокирала.

-Предмалку ја прочитав веста и искрено целосно се шокирав. Последната година не се слушавме толку често, но навистина не знаев дека имала некој проблем. Жал ми е што ако имала проблеми не ги споделила со некого, вели Дијана.

Вели сигурна е дека ако ги споделела проблемите, можеби ќе нашла помош и утеха.

-Беше секогаш насмеана, радосна и весела, подготвена за шега. Беше жена полна живот, вели таа и додава дека никогаш не се жалела за ништо, па затоа и никој не ни помислил дека би се самоубила.

Последната објава на Твитер на новинарката се однесувала на борбата на корисниците на кредити во Швајцарија со банките.

Коронавирус