четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 74
home Познати

Мајката и умрела од рак на дојка, а потоа истата болест ја снајде и неа: Познатата српска водителка преживува пекол, проговори за тешките денови

Мајката и умрела од рак на дојка, а потоа истата болест ја снајде и неа: Познатата српска водителка преживува пекол, проговори за тешките денови

Српската водителка Милица Кон поминува низ вистински пекол.

Неодамна се оперираше од рак на дојката, а сега за српските медиуми откри како се чувствува сега по операцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌸 Milica Kon 🌸 (@milicakon)

-Скоро секоја вечер плачев, а се смирив тек кога дојдов во болница. Посебно ми беше тешко бидејќи мојата мајка умре од рак на дојка. Ми се пробудија одамнешните стравови што е и логично, среќа со месеци одам на психотерапевт , а тие денови оден интензивно, вели таа.

Додава со каква мисла се разбудила по операцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌸 Milica Kon 🌸 (@milicakon)

-Мојата сестра која имаше друг вид на операција ми рече: „Со какви мисли влегуваш на операцијата, со такви ќе се разбудиш“. Кога се најдов на операционата маса на сите им реков дека се добри и дека се ова е убаво, а потоа замислував како моите деца играат и пеат, раскажува Кон.

Таа вели и дека најтешките 11 дена биле оние во кои ги чекала резултатите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌸 Milica Kon 🌸 (@milicakon)

-Кога тргнав по резултатите си реков „знам дека се е во ред“, звучи чудно, но јас друго сценарио не размислував.

Коронавирус