среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Познати

Мајка ли е или сестра ли е: Нема сомнеж од кого Викторија Лоба ја наследила убавината (ФОТО)

Мајка ли е или сестра ли е: Нема сомнеж од кого Викторија Лоба ја наследила убавината (ФОТО)

Пејачката Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. На свои 8 години таа со семејството се сели во Скопје и уште од мали нозе е присутна на музичка сцена и ТВ станиците.

Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12-то место.

Лоба летово посети неколку дестинации и уживаше во топлите денови. Секогаш атрактивна и во топ форма, а ако се запрашувате кој е заслужен за тоа, судејќи по фотографиите сигурно може да се забележи дека „главни виновници“ се гените.

Мајката на Викторија, Татјана Луговаја изгледа одлично, а тие често пати споделуваат заеднички фотографии и на социјалните мрежи.

Најнови вести