недела, 9. мај 2021. Вести денес: 91
home Познати

Маестрална изведба на бенд од Кореја: Ја испеаја „Молитва“ од Марија Шерифовиќ, а пејачката имаше порака за нив

Маестрална изведба на бенд од Кореја: Ја испеаја „Молитва“ од Марија Шерифовиќ, а пејачката имаше порака за нив

Бенд од Кореја настапи со евровизиската песна на Марија Шерифовиќ – „Молитва“ во корејското музичко шоу „Phantom Singer“.

Нивната изведба беше неверојатна. Сите останаа воодушевени, а најмалку штедеше комплименти токму Марија.

Секој член на бендот е многу талентиран и има прекрасен вокал. Песната убаво ја научиле, во свој стил. Кога го сплотија гласовите, сите останаа без зборови.

По нивниот настап се огласи и евровизиската победничка, а еве што имаше да им порача:

-Драги колеги, ви честитам од длабочината на срцето. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ која некогаш сум ја слушнала. Ви посакувам сè најдобро во понатамошната кариера и во натпреварувањето. Се гледаме наскоро“, напиша српската пејачка.

УЖИВАЈТЕ!

Коронавирус