недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Познати

Мадона загуби, интимните писма на Тупак одат на аукција: Еве што пишува во нив за нивните односи (ФОТО)

Мадона загуби, интимните писма на Тупак одат на аукција: Еве што пишува во нив за нивните односи (ФОТО)

Мадона го загуби судскиот спор, со кој сакала да ја запре продажбата на предмети од убиениот легендарен рапер Тупак Шакур, меѓу кои и писмото што и го пратил од затвор.

Мадона се жалеше на претходната одлука на судот за продажба на личните предмети на раперот, убиен пред 23 години. Но, таа ја изгуби и жалбата на претходната одлука. Судот во Њујорк реши дека Мадона нема правен основ да ја тужи поранешната пријателка Дарлен Лутц и компанијата на која таа и доверила да ги продава предметите на Тупак.

По ваквата одлука јавноста сигурно ќе дознае некои интимни детали, кои Мадона сакала да ги скрие од јавноста. Најинтересно меѓу предметите е писмото што од затвор и го пратил нејзиниот поранешен партнер, Тупак.

Во писмото, напишано на рака, Тупак ги објаснува причините за раскинувањето, во кое напишал дека една од главните причини е што Мадона има бела боја на кожата.

„Прво морам да ти се извинам, зашто не сум ти пријател каков што знам дека можам да бидам. Тебе да те видат со црнец, тоа на ниеден начин не би ти ја загрозило кариерата. Меѓутоа, како што верував претходно, мислев дека со тоа ќе ги „издадам“ поголемиот број луѓе кои ме создадоа. Никогаш не мислев да те повредам…Како што можеш да забележиш од тогаш созреав и ментално и психички. Веќе не ми е важно како ме гледаат другите. Те молам, обиди се да ја сфатиш мојата поранешна позиција  на млад човек со ограничено искуство во врска со многу познат секс симбол… Ти го нудам своето пријателство, овој пат многу посилно. Ако си за, можеме да разговараме за тоа, но со ова не можев повеќе да чекам. Морав веднаш да ти кажам …Во случај нешто да ми стане…, напиша Тупак во писмото од затворот до Мадона.

Најнови вести