Денес, Луна Џогани и Марко Миљковиќ ќе го кажат судбоносното „ДА“.
Популарниот пар денес ќе изврши црковна и општинска венчавка, но само со присуство на кумови, наведува „Блиц“.
Поради епидемиолошката состојба, но и состојбата на Луна, тие не се одлучија за голема прослава, па дури и нивните родители нема да присуствуваат на овој чин.
Пред самиот чин, кој ќе се случи во текот на денот, Миљковиќ брзаше да се подготви.
– Марко излегува и влегува во зградата цело време, а Луна моментално е на фризер. Двајцата се многу возбудени – наведува изворот.