Таа неодамна го предводеше семејството на традиционален божиќен концерт во Вестминстерската опатија, до исклучително тешката година, но принцезата од Велс не брза да се врати на својата претходна рутина и работа.
-Таа во моментов е фокусирана на себе и семејството, со право, вели извор за Пипл.
Додека тој предупредува дека принцезата се уште не се опоравила целосно, поранешната секретарка за медиуми на кралицата Елизабета Втора, Алиса Андерсон со свое видување.
-Секој пат кога ја гледаме, изгледа се’ подобро и подобро, истакува Андерсон.
Нејзиното последно појавување во јавност кога со принцот Вилијам ги дочека катарските официјални претставници во Велика Британија, претставува бавно и сигурно враќање, но не целосно, на кралските должности.
View this post on Instagram
Од нејзината видео снимка на 9 септември кога најави крај на третманот на превентивна хемотерапија за видот на карцином кој се уште е тајна, Кејт Мидтон нагасува дека е внимателна.
Пријатели на Мидлтон велат дека искуството кое го имала со ракот го променило нејзиниот фокус, како во домот, така и нејзиниот пристап кон кралските должности.
-Не се врати во нормала, но постои светло на крајот од тунелот, вели семеен пријател.
-Таа во голема мерка го контролира своето враќање во јавниот живот. Го прави она што најдобро и одговора, посочува кралската биографка, Сели Бедел Смит.
-Болести опасни по животот носат преиспитување на приоритетите. Таа и Вилијам секогаш јасно ставаа до знаење дека семејството им се најважно. Не можете да минете низ такво нешто и да излезете од тоа непроменет. Таа сега е друга личност, вели инсајдер.