вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 134
home Познати

Љупка Митрова по теркот на регионалните и светските старлети: Заради карантинот, тенот не смее да трпи (ФОТО)

Љупка Митрова по теркот на регионалните и светските старлети: Заради карантинот, тенот не смее да трпи (ФОТО)

Корона пандемијата и карантинот на сите им го превртеа животот наопаку, па кој како знае и умее се снаоѓа и адаптира на новонастанатите услови на опстанок на човештвото на планетата земја.

Едни се борат со депресијата, други со анксиозноста, трети со клаустрофибијата, а сите заедно со монотонијата, здодевноста и приклкештеноста во четири ѕида… Или така барем изгледа. Зашто, иако на сите помалку или повеќе им е „ускратена слободата“, не сите  имаат еднакви услови за живот и пред и во време на корона.

Оние што можеле да си приуштат многу повеќе од останатите претходно, сега исто така можат да си дозволат малку повеќе слобода, повеќе  комоција, заради капиталот и животниот простор во кој живеат. Зашто некој живее во 40, а некој во 400 квадрати… плус уште 1000 во дворно место!

Куќи, вили, хациенди… со огромно тераси и пространи дворишта, изолирани од надворешниот свет, со прекрасна панорама на местата каде живеат далеку од љубопитните очи на јавноста, кога не сакаат таа да им „дише во врат“… Така отприлика живеат милијардерите и милионерите, олигархијата и џет сетот по светот, но и кај нас. Со тоа што таму некаде, почнувајќи од соседството па се’ до западна Европа, Америка и Австралија, во оваа група спаѓаат и познатите лица, јавните фаци, естрадните, музичките, спортските, филмските и ТВ ѕвезди, старлети… А кај нас? Кај нас само новата олигархија збогатена преку криминалната приватизација и децата на новокомпонираната буржоазија „од опинци“.

Во новопропишаните владини мерки и услови за живот, како и сите ние, живее и таа – најпознатата македонска модна блогерка, инфлуенсер, модел… згодната Љупка Митрова. Од карантинот се огласија сите познати и непознати фаци  и се покажаа во вакво или онакво светло, па така и Љупка реши да сподели по некоја фотографија или клипче…

И додека некои ги покажуваат своите кулинарски вештини и домаќинското умеење, други вежбовните активности во домашни услови, трети поставуваат и прифаќаат разни предизвици, од пеење до танцување и изведување разни „будалаштини“, атрактивната убавица од Струмица, покажа дека времето во изолација го минува за максимално опуштање и релаксација.

Љупка по теркот на регионалните и светските пејачки, водителки и старлети себеси си вети, дека заради карантинот – тенот не смее да трпи! И како што тоа го направија една Рита Ора, Нивес Целзиус или Деми Роуз… и Љупка реши  да ги впие топлите пролетни сончеви зраци, за да го подготви своето тело за претстојното лето.

Соблечна во мини бикини, распослана на белата мека  прекривка, послана на зелениот тревник во огромниот двор, Митрова онака распослана, како ужива додека лежи  го сподели сиот свој телесен раскош на социјалните мрежи. Сексапил и природна убавина во природен амбиент, како „празник за очи“ за секој „гладен Инстаграм конзумент“. Особено за нејзините следбеници!

Патем, привлечната инфлуенсерка не пропушти да ја запознае нацијата со амбиентот и екстериерот каде ја минува изолацијата. Љупка онака легната, секси, пожелна, привлечна… локацијата уште попривлечна. Да не знаеш во што повеќе да уживаш, во која глетка: Во онаа на дворот, панорамата на градот или на модната блогерка?!

 

View this post on Instagram

 

quarantine?

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova) on

ЕУРО 2020

Македонија